Осуден поранешниот турски претседател Еврен

Поранешниот турски претседател Кенан Еврен и поранешниот командант на воздушните сили Тахсин Сахинкаја

Турските медиуми јавија дека поранешниот претседател Кенан Еврен и поранешниот командант на воздушните сили Тахсин Сахинкаја биле осудени на доживотен затвор за нивната улога во воениот удар во 1980 година. 96 годишниот Еврен и 89 годишниот Сахинкаја беа обвинети за организирање на воента интервенција и спроведување на ударот. Нивниот случај беше покренат кога владата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган им го повлече имунитетот во 2010 година.