Нов руски амбасадор во Грција

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Андреј Маслов за нов амбасадор во Грција, на местото на Владимир Чиквишвили кој оди во пензија. Маслов во моментов е директор на четвртиот оддел во руското Министерство за надворешни работи кој ја вклучува и Грција. Според руските медиуми, кои го објавија назначувањето, Грција нема намера да воведе построги барања за издавање визи за руските граѓани поради ситуацијата во Украина.