Турција го евакуираше Генералниот конзулат во Басра

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу изјави денеска дека властите го евакуирале Генералниот конзулат во Басра, кој се наоѓа во јужен Ирак. Давутоглу на Твитер напиша дека одлуката била донесена поради безбедносните ризици во реонот на Басра и новонастанатата ситуација во Ирак.
Џихадистите претходно го нападнаа Турскиот конзулт во Мосул, северен Ирак. Осумнаесет членови на персоналот на Конзулатот, меѓу кои и генералниот конзул, ќе се вратат во Турција преку Кувајт.