Бугарија-Постигнат договор за предвремени парламентарни избори

Предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат помеѓу 28 септември и 12 октомври, соопшти Кабинетот на претседателот на државата Розен Плевнелиев. Одлуката за нивно одржување била донесена денеска. Во меѓувреме на владејачката коалиција во петокот и беше изгласана доверба, но очекувањата се дека наскоро ќе поднесе оставка заради лошите резултати на мајските избори за Европскиот парламент.