Британија планира повторно да отвори амбасада во Иран

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека земјата планира повторно да отвори амбасада во Иран. Говорејќи пред Парламентот тој посочи дека условите се погодни за повторно отварање на дипломатското претставништво, кое беше затворено пред три години. Според него, изборот на Хасан Рохани за претседател бил важен чекор во подобрување на односите помеѓу западот и Техеран.