Русија и Србија посветени на Јужен тек

Русија и Србија ја потврдија посветеноста на гасоводот Јужен тек, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по денешните разговори со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Белград.

Лавров нагласи дека тоа е единствен реален проект за енергетската безбедност на југо – источна Европа. Со него се заобиколува Украина и гасот за Европа се транспортира по јужна патека.

Сомневања за продолжување на гасоводот Јужен тек се покренаа откако Бугарија најави дека ја прекинува изградбата на кракот од гасоводот кој требаше да поминува низ нејзина територија.