Киев - 125 загинати војници во анти терористичката операција

Виталиј Јарема

Украинскиот заменик премиер Виталиј Јарема соопшти дека 125 припадници на безбедносните сили загинале за време на дво - месечната владина антитерористичка операција против проруските сепаратисти на истокот на земјата.

Украинските сили претрпеа најголеми загуби, кога про-руските сепаратисти урнаа воен транспортен авион на 14 јуни, при што загинаа сите 49 војници и членови на екипажот.

Андриј Парибиј, шефот на украинската служба за безбедност, изјави дека се проценува оти во регионите на истокот има меѓу 15.000 до 20.000 "вооружени терористи" од кои над половината биле од Русија."