Обама испрати војници за амбасадата во Багдад

Американскиот претседател Барак Обама го извести Конгресот дека испратил 275 војници за зајакнување на безбедноста во американската амбасада во Багдад. До одлуката доаѓа, откако организацијата Исламска држава Ирак и Левант, која се одвои од Ал Каеда, ја презеде контролата врз големи делови од северен Ирак и почна да се приближува кон Багдад. Одлуката на Обама е во согласност со американските закони кои ми овозможуваат на претседателот да испрати војници во воени акции во странство без согласност на Конгесот, но претседателот мора да го извести Конгресот во рок од 48 часа од испраќањето на војниците во акција во странство. Сепак, се забранува војниците да останат подолго од 60 дена, плус период за повлекување од 30 дена, без одобрување или официјална објава на војна од Конгресот.