САД започна истрага за случајот со наредникот Боув Бергдал

Наредникот Боув Бергдал.

Американската армија соопшти дека започна истрага за околностите што довеле до апсење на наредникот Боув Бергдал во Авганистан. Тој беше ослободен кон крајот на мај во замена за петмина талибански затвореници. Армијата на САД соопшти дека истрагата е лансиран поради „фактите и околностите за исчезнување и фаќање" на Бергдал во јуни 2009 година. Бергдал помина пет години во заробеништво, а сега се наоѓа на лекување во воена болница во Тексас. Армијата соопшти дека засега нема планови да го испрашува војникот, тоа ќе го направат кога ќе добија потврда од воениот тим кој е специјализиран за повраток на воени заробеници.