Егзекутирани 13 лица за тероризам во Кина

Илустрација

Кинеските медиуми јавија дека 13 луѓе биле егзекутирани за тероризам и насилни злосторства во Ксинјанг. Според нив, тие биле инволвирани во седум случаи на тероризам. Во меѓувреме седум лица беа осудени за бомбашкиот напад на плоштадот Тиананмен во Пекинг, при кој загинаа 5 лица, меѓу кои и тројца напаѓачи, а десетици беа повредени.