Лавров се сретна со белорускиот претседател Лукашенко

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск разговараа за билатералните односи помеѓу двете земји. Лукашенко изјави дека тој е подготвен да разговара за било кое прашање со неговиот руски колега Владимир Путин и да ги донесе потребните решенија. Тој исто така зборувал и за одржување на сесија на Советот на министри на унијата на двете земји во наредните месеци. Лавров изјавил дека го прифаќа предлогот на Лукашенко.