Централната банка во рацете на сепаратистите во Доњецк

Проруските бунтовници ја презеле контролата врз зградата на украинската централна банка во градот Доњецк. Претставникот на бунтовниците, Олександар Матјушин изјави дека тие сакаат даночните приходи да останат во самопрогласената република, а не да бидат испраќани во Киев. Според него, сепаратистите започнале дијалог со локалните адимистратори за трансфер на контролата. Вицепремиерот на Доњецк, Андреј Пургин изјави дека тоа не било принудно преземање, туку планиран дијалог.