Светски нафтен конгрес во Москва

Илустрација.

Кремљ вчера приреди прием по повод почетокот на еднонеделниот собир на светските лидери од енергетскиот сектор. Светскиот нафтен конгрес, настан што се одржува на секои три години, годинава има особено значење за Москва, поради конфликтот со западот поради кризата во Украина. Зголемувањето на цената на нафтата на светските берзи, откако терористичката организацијата Исламска држава Иран и Левант ја презеде контролата врз големи делови од Ирак, ќе биде една од темите во фокусот на разговорите. Генералниот секретар на ОПЕК, Абдула ел-Бадри, е меѓу петте илјади делегати од државни и приватни фирми од 65 држави, меѓу кои се и генералниот директор на Бритиш Петролеум Боб Дадли, како и директорите на руските гиганти Газпром и Роснефт. Предвидено е денеска пред делегатите да се обрати рускиот претседател Владимир Путин.