Нови разговори за иранската нуклеарна програма

Иранските преговарачи денеска во Виена се среќаваат со претставниците на шесте светски сили на почетокот на критичната петта рунда разговори за траен договор со кој ќе се ограничи нуклеарната способност на Иран. Разговорите треба да траат до 20 јуни. Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија сакаат Техеран да ги намали своите активности за збогатување ураниум и да им дозволи на меѓународните експерти подобар пристап до иранските нуклеарни постројки. Иран, пак, бара укинување на сите меѓународни санкции во замена за постигнување на договорот со кој ќе заврши загриженоста на западните земји дека Техеран се обидува да направи атомска бомба. Иранскиот претседател Хасан Рохани завчера рече дека преостанатите „спорови може да се решат со добра волја и флексибилност“ за договорот да биде постигнат до крајниот рок 20 јули.