Израелските сили убија 19-годишно палестинско момче

Архивска фотографија.

Израелските сили убија 19-годишно палестинско момче рано изутрината за време на потрагата по тројца израелски тинејџери кои се исчезнати од 12 јуни. Палестинецот е убиен во близина на градот Рамала во Западниот Брег каде што израелските сили уапсиле десетици Палестинци за испрашување во обид да ги лоцираат исчезнатите Израелци. Властите сметаат дека израелските студенти биле киднапирани во близина на Хеброн додека авто-стопирале. Еден од исчезнатите тинејџери има и американско државјанство. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини исламистичкото движење Хамас дека стои зад киднапирањето. Одговорноста за безбедно враќање на киднапираните, тој ја префрли врз палестинскиот претседател Махмуд Абас кој неодамна склучи сојуз со Хамас.