Вашингтон испрати носач на авиони во Персискиот Залив

Вашингтон испрати еден од своите носачи на авиони во Персискиот залив со цел да му овозможи на претседател Барак Обама поголема флексибилнсот ако треба да се преземе воена акција , доколку безбедноста во Ирак продолжи да се влошува. Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел, рече дека носачот ќе биде поставен денеска . Државниот секретар Џон Кери синоќа му кажал на ирачкиот министер за надворешни работи, Хошјар Зебари дека ќе има американска помош против милитантите само ако ирачките лидери ги надминат длабоките поделби и ако се формира нова влада на национално единство.Во меѓувреме исламските екстремисти окупираа големи делови од територијата во северен Ирак - вклучувајќи ги и градовите Мосул и Тикрит – а сега напредуваат кон Багдад.