ООН - Ал Каеда долгорочна закана за Авганистан

Советот за безбедност на ОН во новиот извештај предупредува дека Ал-Каеда претставува долгорочна закана за безбедноста на Авганистан. Според извештајот Ал Каеда ќе претставува закана за безбедноста на регионот и пошироко откако трупите на НАТО ќе се повлечат од Авганистан до крајот на 2014 година. На сцена се неколку ограноци на Ал Каеда со седиште во Пакистан кои редовно земаат учество во нападите против авганистанские сили во источен и јужен Авганистан,се вели во текстот. Експертите на Обединетите нации заклучуваат дека милитантите на Ал Каеда, најверојатно, нема да го напуштат Авганистан во блиска иднина.