Рохани - подготвени сме да му помогнеме на Багдад

Претседателот Хасан Рохани изјави дека Иран е подготвен да размисли да соработува со САД за враќање на безбедноста во Ирак, доколку Вашингтон преземе акција против сунитските екстремистички борци во земјата. Ние сите практично и вербално треба да се конфронтираме со терористичките групи, рече Рохани на денешната пресс конференција. До неговата изјава доаѓа додека бунтовниците предводени од сунитите, во последните неколку денови освоија повеќе градови во северниот дел на Ирак, меќу кои Мосул и Тикрит , а во меѓувреме напредува кон Багдад.