Бајден на консултации со Ердоган, бунтовниците напредуваат кон Багдад

Додека безбедносната ситуација во Ирак продолжува да се влошува, американскиот заменик-претседател Џо Бајден оствари консултации со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за растечката сила на милитантите на Исламската држава Ирак и Левант.По втор пат во три дена, Бајден и Ердоган разговараа телефонски за опасноста од отцепена група на Ал Каеда за Блискиот Исток и за глобалната безбедност. Американскиот претседател Барак Обама рече дека разгледува повеќе опциите за запирање на бунтот на сунитските милитанти кои зазедоа неколку градови во северниот дел на Ирак, а во меѓувреме напредуваат кон Багдад. Но, Обама потенцираше дека Ирачката шиитска влада мора да ги реши секташките сунитско-шиитски поделби.