Заврши конференцијата во Лондон против сексуални насилства во воени зони

Американскиот државен секретар Џон Кери им се приклучи на повиците за ставање крај на силувањата и сексуалните малтретирања во зоните со конфликти. Кери се обрати на последната сесија од 4-дневната конференција во Лондон, на која учествуваа претставници на над 100 земји. Домаќини на конференцијата беа актерката Аџелина Џоли и британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.