Расмусен: Загрижувачки информации за руски тенкови во Украина

Доколку бидат потврдени информациите дека руски тенкови влегле во источна Украина, тоа ќе значи сериозна ескалација на кризата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Тој изрази загриженост од таквите информации, според кои про-руските сепаратисти во источна Украина добиле тешко оружје и тенкови од Русија. Засега нема коментар од Русија.