Бан ки Мун побара солидарност со Ирак

Советот за безбедност на ОН треба денеска да се состане за ситуацијата во Ирак додека сунитски бунтовници напредуваат во нивната офанизва.

Имено, милитантите на „Исламска држава Ирак и Левант“ ја презедоа контролата врз Мосул и Тикрит и киднапираа 80 турски државјани.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја повика меѓународната заедница да покаже солидарност со Ирак. Белата куќа оценувајки дека безбедносната ситуација е влошена во текот на изминатите 24 часа, вети помош за Ирак.

Ирачкиот парламент пак треба да се состане денеска по барање на премиерот Нури ал Малики за да прогласи вонредна состојба.

Милитантите држат делови од Рамади и Фалуџа во западната провинција Анбар. „Исламската Држава Ирак и Левант“ контролира и делови од североисточна сириска провинција Ал Ракџа и сака да воспостави исламска држава во областите на двете страни на границата.