Почнува светското фудбалско првенство

Светското првенство 2014 започнува вечер во Бразил. Во текот на следниот месец, 32 нации ќе се борат за титулата светски шампион во фудбал. Во првиот натпревар во Сао Паоло, домаќинот Бразил игра со Хрватска. Бразилската претседателка Дилма Русеф изјави дека нејзината земја е подготвена да биде домаќин на Светското првенство и покрај пречекорувањето на трошоците,доцнењата со градбите и протестите. Таа рече дека земјата ќе ги поздрави со "отворени раце" проценетите 600.000 фанови кои се очекува да присуствуваат.
Бразил потроши околу 11 милијарди долари за да изгради и да реновира 12 стадиони, плус да се надополни инфраструктурата, што пак го прави најскапо Светското првенство досега. Трошењето поттикна немири, а критичарите велат дека парите можеа да ги искористат за изградба на училишта, болници и јавниот транспорт. Инаку, Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го зголеми паричниот награден фонд за учесниците на Мундијалот во Бразил. Во однос на шампионатот во Јужна Африка, учесниците на СП во Бразил ќе поделат 422 милиони евра односно два повеќе во однос на првенството во пред четири години. Светскиот првак ќе заработи награда од 25,7 милиони евра, додека финалистот 18,3 милиони евра. Третото место ќе донесе награда од 16,1 милион евра, а четвртото 14,6 милиони.