Путин: Преговорите за цената на гасот за Украина одат кон ќорсокак

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека преговорите со Украина околу испораката на гас одат кон ќорсокак. Украина побарала поголемо намалување на цената за гасот, а руската понуда е намалување за 100 долари за илјада метри кубни од сегашните 485 долари, што, според Путин е последна понуда. Путин исто така му наложил на премиерот Дмитриј Медведев да ја формализира ваквата одлука и да ја утврди цената на рускиот гас за Украина на 385 долари за илјада метри кубни.