Промовирани ефтини летови Москва - Симферопол

Ниско-буџетската руска авио-компанија Добролет, почна со промотивни летови до украинскиот полуостров Крим, кој Русија го анектира во март годинава. На церемонијата во Москва присуствуваше и рускиот премиер Дмитриј Медведев. Добролет планира да лета 4 пати дневно од Москва до Симферопол.