Во Брисел продолжуваат преговорите меѓу Киев и Москва за гасот

Руски Газпром и даде на Украина уште една недела пред да започне со примената на претходно наплаќање на испорака на гас. Шефот на Газпром, Алексеј Милер изјавил дека крајниот рок за договор е 16-ти јуни. Инаку, денеска во Брисел се очекува да продолжат преговорите за гасот меѓу Русија и Украина со посредство на Европската Унија.