Израелскиот парламент го избра новиот претседател

Реувен Ривлин

Израелскиот парламент денеска го избра Реувен Ривлин за иден претседател на државата. 74-годишниот Ривлин е член на Ликуд партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и доаѓа на местото на досегашниот претседател Шимон Перез, чиј 7 годишен мандат завршува во јули.