Ирачкиот премиер бара вонредна состојба поради загубата на Мосул

Ирачкиот премиер Нури ал Малиќи побара од Парламентот да прогласи вонредна состојба во земјата по загубата на северниот и втор по големина град во земјата Мосул.

Имено милитантите на „Исламската држава Ирак и Левант“ денеска целосно го ставија под контрола Мосул, кој се наоѓа на 360 километри северо-западно од Багдад. Гувернерот Ател ал Нуџаифи успеал да избега.

Тој изјави дека исламистите ги освоиле и полициската станица и затворот, а војската и полицијата ги напуштиле позициите.Истовремено, според турските медиуми, 28 турски возачи на камиони биле грабнати во од групата „Исламска држава во Ирак и Левантот“ додека превезувале дизел гориво од јужното турско пристаниште Искендерун за Мосул.