Самит против сексуално насилство во воените зони

Актерка и претставник на ОН Анџелина Џоли и британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг денеска отворија меѓународна конференција во Лондон чија цел е да се сврти вниманието врз жените силувани во воени зони и конфликтни области.
Глобалниот самит ќе трае 4 дена и е најавен како најголем собир на оваа тема досега. Џоли изјави дека сака конференцијата да и ја посвети на жртвата на силување, која таа и Хаг неодамна ја интервјуираа во Босна.