Безбедносните сили кај аеродромот во Карачи денеска повторно нападнати

Двајца милитанти извршиле напад врз безбедносните сили кај аеродромот. Станува збор за напад врз тренинг центарот на безбедносните сили, но летовите на аеродромоот се одложени.

Армијата на Пакистан испратила дополнителни сили, но негирани се извештаите дека петмина припадници на безбедносните сили загинале. До ова доаѓа еден ден по опсадата на аеродромот од страна на пакистанските талибанци при што загинаа најмалку 35 луѓе.

Нападот бил во знак на одмазда поради загинување на нивен лидер при напад со американско беспилотно летало минатата година.