Нов напад кај аеродромот во Карачи

Безбедносни сили во близина на аеродромот Карачи повторно денеска се под жесток напад од милитанти.

При тоа, петмина припадници на безбедносните сили загинале. Станувало збор за напад врз тренинг центарот на безбедносните сили, но летовите на аеродромоот се одложени, јави Радио Машал.

До ова доаѓа еден ден по опсадата на аеродромот од страна на пакистанските талибанци при што загинаа најмалку 35 луѓе.