Кина бара помош од ОН за нејзиниот спор со Виетнам

Кина се сврте кон ОН поради решавање на нејзиниот спор со Виетнам. Двете земји имаат несогласувања околу одлуката на Кина да постави нафтена платформа во спорни води. Кина вчера испрати допис за операциите за дупчење во Јужното Кинеско Море до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и побара од шефот на светската организација да го препрати до сите 193 земји членки на Генералното собрание на ОН. Кина ја постави платформата во води, за кои Виетнам тврди дека се негови, на 1 мај. Тоа предизвика големи улични протести кои се претворија во крвави антикинески немири. Стотици фабрики беа оштетени, најмалку двајца кинески работници беа убиени, а 140 беа повредени во немирите.