Нема договор меѓу Украина и Русија за гасот

Ukraine -- A pressure gauge is seen at a gas compressor station near Uzhhorod, May 21, 2014

Нема договор меѓу Украина и Русија со кој ќе се решат заостанатите сметки за енергија и со кој би се договорила цена за иден дотур на руски гас за Украина.
Москва претходно се закани дека на 10 јуни ќе ја прекине испораката на гас за Украина, но енергетската криза во Европа засега е избегната, откако двете страни одлучија да се сретнат повторно или подоцна денеска или утре во Брисел.

Вчерашниот разговор меѓу министрите за енергија на двете земји и комесарот за енергија на ЕУ во белгискиот главен град траеше седум часа, но украинскиот министер Јуриј Продан рече дека нема чекори напред во споредба со последниот состанок од пред една недела.

Официјални претставници на ЕУ за Радио Слободна Европа изјавија дека двете страни се блиску до договор за наплатата на долгот, но дека не можaт да се договорат за цената на гасот. Киев сака да плати 268 долари за 1000 кубни метри гас, а Москва бара 485 долари.