Србија - нема одлука одлагање на Јужен тек

Српскиот премиер Александар Вучиќ, по изјавата на вицепремиерот Зоран Михајловиќ дека Србија ќе мора да го одложи почетокот на изграбдата на Јужен поток по одлуката за суспендирање на Бугарија, денеска изјави дека за Србија се се одвива како што е планирано и дека евентуално поинаква одлука може да донесе само српската влада.

„Таква одлука носи Владата, а владата нема одржано седница. За нас се се одвива според планираното, ако има какви било промени Владата ќе донесе одлука и за тоа ќе бидете информирани“,

изјави Вучиќ на конференција за новинари пред заминувањето за Берлин.
Инаку изјавата на српскиот вицепремиер Зорана Михајловиќ е дадена ден подоцна откако во вчерашното соопштение на бугарскиот премиер Пламен Орешарски, се вели дека проектот Јужен поток ќе продолжи откако ќе се отстранат сите забелешки на Брисел, и ќе го прецизираат начинот за негова реализација подоцна.