Поплави во сибирски Алтај

Над илјада жители беа евакуирани од сибирскиот регион Алтај во Русија, кој е погоден од катастрофални поплави.

Регионалните власти соопштија дека околу 1400 домови се поплавени, уништени се и мостови и патишта.Штетите се проценуваат на 40 милиони долари.