Иранскиот претседател во посета на Турција

Иранскиот претседател Хасан Рохани посетата на Турција ја оцени како обид за зајакнување на билатералните односи, и покрај конкуренцијата меѓу двата соседи за регионално влијание и длабоки разлики за сириската војна.

Новинската агенција ИСНА го цитира Рохани изјави дека подобрувањето на билатералните односи е од важност за целиот регион. За време на дводневната посета, според иранските медиуми, ќе се разговара за

енергија, трговија и економски врски меѓу Иран и Турција. Рохани ќе се сретне со турскиот претседател Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Тајип Ердоган.