Кај Смоквица приведени пет државјани на Сирија

На автопатот кај селото Смоквица, вчера околу четири часот изутрина поради непријавен престој во Република Македонија припадници на Министерството за внатрешни работи привеле пет државјани на Сирија. Тие се превезувале со автомобил„Рено Еспасе“ со француска регистарска ознака управувано од непознат возач кој при сопирањето го напуштил лице местото и се дал во бегство.
Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.