Тачи:Изборите го покажуваат развојот на демократијата

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска оцени дека изборите во Косово ја покажуваат демократијата која се развивала во земјата.
Косоварите денеска гласаат на предвремените парламентарни избори кои следуваат по распуштањето на собранието во мај.
Тачи кој е лидер на Демократската партија на Косово се обидува да добие трет мандат како премиер.
Претседателката Атифете Јахјага пак ги повика граѓаните масовно да излезат на избирачките места, дополнувајќи дека овие избори треба да го покажат јакнењето на демократијата во Косово. Таа истакна дека само со излегувањето на изборите граѓаните можат да и помогнат на земјата и нејзината иднина.
Денешното гласање го одредува составот на идниот парламент кој потоа го бира премиерот.