Кинескиот министер за надворешни работи во посета на Индија

Министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји денеска ја почнува дводневната посета на Индија. Ова се први разговори на високо ниво меѓу претставници на двете земји откако премиерот Нарендра Моди дојде на позицијата прв човек на владата во Индија.
Индискиот министер за надворешни работи рече дека Ванг е личен претставник на кинескиот претседател Си Џипинг со налог да се воспостават контакти со новата влада во Индија.
Покрај репутацијата како црвст националист Моди направи увертира со индиските традиционални ривали, Кина и Пакистан откако неговата партија дојде на власт минатиот месец.
Тој го повика Си да го посети Њу Делхи во текот на годинава.
При крајот на мај Моди се сретна со пакистанскиот премиер Наваз Шариф во Њу Делху на состанок кој сигнализираше дека лидерите на двете земји се подготвени за директни разговори во обид да ги надминат разликите.