Во Гостиварско откриени и депортирани 12 албански државјани без регулиран престој

Во акциска контрола на полицијата за откривање на лица кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето во гостиварските села Чајле, Форино и Чегране, вчераутро биле откриени 12 државјани на Република Албанија, информираа од СВР Тетово. Повеќето од нив, биле надничари кои работеле во земјоделието и градежништевото. Сите се депортирани во матичната земја.
"При идентификацијата на лицата, на возраст од 20 до 40 години било констатирано дека немаат валидни документи или пак имале забрана за влез. Ниту еден од нив го немал регулирано престојот во земјава" вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По извршените разговори со лицата во соработка со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера попладне сите биле депортитани во матичната земја.