Поранешниот шеф на египетската армија даде заклетва како претседател

Поранешниот шеф на египетската армија Абдел Фатах ел Сиси даде заклетва како нов претседател, дефакто потврдувајќи го статусот шеф на државата кој го има веќе година.
Ел Сиси даде заклетва на церемонија во Уставниот суд која се емитуваше на државната телевизија.
Таа беше проследена со прием претседателската палата во Каиро на кој присуствуваа странски претставници.
Сиси победи на изборите што се одржуваа од 26 до 28 мај со освоени речиси 97 отсто од гласовите победувајќи го единствениот ривал, левичарот Хамдин Сабахи.
Победата доаѓа речиси една година по падот на претседателот Мухамед Морси кој следуваше после месеци протести против него.