Предлогот за новата влада треба да се достави во Собранието

Мандатарот за состав на нова влада Никола Груевски денеска, според законскиот рок, би требало до Собранието на Република Македонија да го достави предлогот за состав на новата коалициона влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Потоа претседателот на парламентот во рок од 15 дена треба да закаже седница за избор на новиот владин состав.
Според локалните медиуми кои се повикуваат на партиски извори, освен доаѓањето на Амбасадорот Зоран Јолевски на чело на министеството за одбрана нема некои поголеми изненадувања.

Со МВР и натаму би требало да раководи Гордана Јанкуловска, а Зоран Ставревски останува вице премиер и министер за финансии.
Оваа влада, според медиумските извештаи ќе се зголеми за уште двајца министри без ресор.