Кери гледа можност за пробив во украинската криза

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека гледа надеж оти е можен пробив во завршувањето на украинската криза кој може да овозможи Вашингтон да го избегне поставувањето нови санкции против Русија.
Зборувајќи за време на одморот во Франција тој ја спомена можноста за прекинување на огнот, можноста Русија да помогне сепаратистите да почнат да го оставаат оружјето, да излезат од објектите и да почнат да ја градат Украина, каде што како што рече, потребите на луѓето треба да бидат задоволени.
Западните сили се заканија дека е можно да постават нови санкции за руската економија ако Москва не покаже кооперативен пристап за Украина до крајот на месецов.