Обама: Денот Д, пресврт во историјата на човештвото

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги отвори церемониите за одбележување на 70 годишнината на денот Д, односно пристигнувањето на сојузничките сили на бреговите на Нормандија за време на Втората Светска Војна. Оланд им оддаде почит на 20-те илјади цивили кои загинале во тогашните борби. Во обраќањето на церемонијата, американскиот претседател Барак Обама истакна дека истоварувањето на 150 илјади сојузнички војници во Нормандија не само што направи пресврт во војната, туку и во историјата на човештвото и го означи почетокот на демократската ера. Знамињата се на половина копје на плажата Омаха, а втерани од американската 29-та пешадијска дивизија беа построени точно во 6 часот и 30 минути, во времето на првото истоварување во Нормандија. Лидери на повеќе земји присуствуваат на одбележувањето, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, а Оланд се надева дека идејствува да се поздрави со новиот украински претседател Петро Порошенко.