Порошенко со благодарност за подршката од Германија

Germany - German Chancellor Angela Merkel during a meeting with Ukrainian president-elect Petro Poroshenko in Berlin, June 05, 2014

Ново-избраниот украински претседател Петро Порошенко, по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, во Берлин изрази благодарност за подршката од Германија за територијалниот интегритет на Украина. Меркел, пак, истакна дека е очигледно оти Порошенко ќе вложи напори за надминување на кризата во Украина, но додаде дека е потребна и подршката од Русија.