Во Јемен убиени десетици војници

Најмалку 14 јеменски војници биле убиени во напад на припадници на терористичката мрежа Ал Каида врз еден контролен пункт во провинцијата Чабва. До овој напад дошло неколку часови откако од беспилотно летало биле убиени тројца припадници на Ал Каида. Јеменската војска кон крајот на април почна офанзива против оваа организација која има свои засолништа на југот на земјата.