Обама - европските сојузници никогаш нема да останат сами

Американскиот претседател Барак Обама ја потврди непоколебливата посветеност на САД врз безбедноста на Полска и другите земји од Источна и Централна Европа, како НАТО сојузници, по интервенцијата на Русија во Украина. Обама ова го кажа вчера во Варшава на одбележувањето на настаните посветени на првите демократски избори во Полска во 1989 година. Обама направи паралели меѓу настаните во Полска пред 25 години и сегашната ситуација во Украина. Ние нема да прифатиме окупација врз Крим и кршење на суверенитетот на Украина, рече Обама. Тој нагласи дека дополнителните руски провокации ќе значат повеќе изолација и трошоци за Русија.