Кери во неочекувана посета на Либан

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во ненајавена посета на Либан на разговори со тамошниот државен врв. До оваа посета дојде во време кога таа земја се соочува со проблеми околу згрижувањето на над милион сиријски бегалци. Се наведува дека Кери ќе најави помош од 290 милиони долари за агенциите на Обединетите нации кои работат во справувањето со оваа бегалска криза.