САД СЕ посветени за безбедноста на Европа

Американскиот претседател Барак Обама ја потврди непоколебливата посветеност на САД за безбедноста на НАТО сојузниците, како Полска и другите земји од Источна и Централна Европа по руската интервенција во Украина.

Обама во говорот во Варшава на 4 јуни, рече дека Полска, Естонија, Латвија, Литванија и Романија никогаш нема да останат сами. Обама е во Варшава во знак на сеќавање првите демократски избори во Полска во 1989 година.

Обама повлече паралели меѓу настаните во Полска пред 25 години и сегашната ситуација во Украина. "Ние нема да ја прифатиме руската окупација на Крим и кршење на суверенитетот на Украина".

Обама се сретна со новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко претходно истиот ден во Варшава.