Нова иницијатива за недоверба на бугарската Влада

Бојко Борисов

Лидерот на опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија - ГЕРБ, Бојко Борисов денеска најави нова иницијатива до бугарскиот Парламент за изгласување недоверба на Владата на премиерот Пламен Орешарски.

Борисов, кој е поранешен бугарски премиер, рече дека оваа петта по ред иницијатива за недоверба, овој пат ќе биде покрената поради „неуспешната финансиска политика“ на Владата.

Минатата недела бугарското Народно собрание ја отфрли инцијативата на ГЕРБ за изгласување недоверба на Владата, која беше покрената поради, како што образложи опозицијата, лошите резултати во енергетскиот сектор.